четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лестер го освои ФА Купот

Лестер го освои ФА Купот

Лестер направи  славеше над лондонски Челзи со 1-0 во големото финале на ФА Купот и дојде до нов трофеј во својата историја, прв во ова натпреварување.

Голот вреден титула падна во 63. минута, кога Тилеманс доби топка од Томас и успеа да го надмудри Кепа. Челзи пред самиот финиш на мечот даде гол преку Чилвел, но истиот беше поништен поради офсајд.

За Лестер Сити ова е прва титула во ФА Купот, по четири загубени финалиња низ историјата во 1949, 1961, 1963 и 1969.