Премиерлигашот Лестер е заинтересиран за фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Според „Спортмејл“ Лестер подготвува понуда во висина од 31 милиони фунти за српскиот репрезентативец.
Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс сака во нападот да донесе партнер за 33-годишниот напаѓач Џејми Варди.
Во тековната сезона, 22-годишниот Јовиќ има одиграно 25 натпревари на сите турнири. На негова сметка има два гола и две асистенции.