Тројца од главните играчи во Германија кои помогнаа на тимот да го освојат Светското првенство 2014, повеќе нема да играат за Бундестимот.
Станува збор за дефанзивеците Матс Хумелс и Џером Боатенг, како и напаѓачот Томас Милер. Ова го потврди селекторот на германската репрезентација Јоги Лев.
– 2019-та ќе биде нов почеток за Германија. Тие поминаа долго време во германската репрезентација. Благодарам на Матс, Џером и Томас за успешните години што ги поминавме заедно. Беше важно за мене да им ги објаснам моите мисли и намери на моите играчи и на тренерите на Баерн, рече тренерот на Германија.