Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев го отвори патот за враќање на заборавените фудбалери Томас Милер и Матс Хумелс за квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство кое 2022 година ќе се одржи во Катар 2022.
Противници на трикратниот европски шампион во март ќе бидат Исланд, Романија и секако нашата фудбалска репрезентација.
Според медиумите во Германија, Жером Боатенг сепак ќе биде изоставен од списокот. Лев е под притисок, бидејќи слабиот настап на Европското првенство може да доведе до негова смена.
Мечот Германија – Македонија закажан е на програмта на 31.март и сеуште се очекува каде ќе се одигра мечот помеѓу овие две селекции поради строгите мерки кои владеат во оваа земја поради пандемијата.Првични мечот треба да се одигра во Дуизбург,но како резервна варијанта се спомнува и романската престолнина Букурешт.