Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја освои титулата играч на годината во Германија.
Анкетата ја спроведе „Кикер“ меѓу членовите на Здружението на германски спортски новинари.
Левандовски оваа сезона постигна 49 гола во 38 настапи во Бундеслигата и Лигата на шампионите. Полјакот се опиша себеси како „достоен за Златната топка“, но магазинот „Франс Фудбал“ оваа година ја откажа церемонијата на доделување на трофејот.
Во гласањето, Левандовски доби 276 поени, односно пет пати повеќе од најблискиот конкурент и негов соиграч од Баерн, Томас Милер кој доби 54.