Роберт Левандовски предвреме го заврши натпреварот во Порто поради повреда на зглобот.
Според шпанските медиуми, Левандовски еден месец ќе биде во аут поради истегнување на скочниот зглоб.
Тоа ќе значи дека Барселона без напаѓачот ќе му се спротивстави на Реал Мадрид на Ел Класико дуелот кој е на 29. октомври.
Каталонскиот клуб ја потврди повредата, но не посочи конкретен датум за негово враќање.