среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Левандовски неодамна побара да замине, неговиот агент сега виден во Париз

Левандовски неодамна побара да замине, неговиот агент сега виден во Париз

Роберт Левандовски сака да го напушти Баерн Минхен, објави неодамна Скај Спорт.

Сега пристигнуваат информации дека агентот на полскиот напаѓач бил виден на состанок со управата на ПСЖ. Француските медиуми пишуваат дека тој е реална опција за клубот, ако Килијан Мбапе летово го замени Париз со Мадрид.

Синоќа Реал Мадрид испратил официјална понуда од 160 милиони евра за Мбапе, но и веднаш беа одбиени. Францускиот репрезентативец сака да го исполни својот детски сон и да потпише за Реал Мадрид. Ако ПСЖ не го продаде ова лето, тогаш следното ќе може да замине како слободен играч.

Левандовски досега во 331 настап за Баерн Минхен постигна одлични 297 гола. ФИФА го прогласи за најдобар играч на светот за 2020 година. Баерн за него бара 100 милиони евра, што е износ кој никој не сака да го плати. Скај Спорт пишува дека Левандовски е фрустриран затоа што Баварците не сака да го продадат, но нема да форсира такво нешто за да ги наруши добрите односи со клубот.