Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар во синоќашниот триумф на Леванте над Севиља со 2:1.
Ова беше дуел од 35. рунда во Ла Лига по кој тимот за кој настапува Барди го обезбеди опстанокот.
Воедно, Леванте ја продолжи серијата победи која трае веќе три кола, а почна на 19 април против Малага, па продолжи на 23 април со Атлетик Билбао, за синоќа да биде совладана фаворизираната Севиља.
Во следната рунда, Леванте на 7 мај гостува кај Легањес.
(Миа)