четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Левиот бек на Барселона потпиша за Лидс

Левиот бек на Барселона потпиша за Лидс

Левиот бек на Барселона Жуниор Фирпо потпиша денеска четиригодишен договор со Лидс, ден откако англискиот прволигаш официјално ја потврди разделбата со македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, кој настапуваше на истата дефанзивна позиција во тимот.

Вредноста на трансферот изнесува 15 милиони евра, плус дополнителни бонуси, јавија денеска британските медиуми.

Фирпо (24), кој е роден во Доминиканската република, а настапува за Шпанија, мина две сезони во шпанскиот прволигаш Барселона, каде дојде во август 2019 година од редовите на Бетис за 18 милиони евра. (МИА)