недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лидс ќе се обиде да избори опстанок со нов тренер

Лидс ќе се обиде да избори опстанок со нов тренер

Фудбалскиот клуб Лидс реши да го отпушти Хави Грација и опстанок во Премиер лигата ќе брка со познатиот тренер Сем Алердајс.

Популарниот „Биг Сем“ по којзнае кој пат во кариерата ќе превземе екипа која се бори за опстанок. Низ кариерата многу често излегувал како победник во вакви тешки ситуации.

Алердајс ќе биде третиот менаџер на Лидс оваа сезона, по Џеси Марш и Хави Грасија, кои пристигнаа во февруари.

Лидс има 30 бода исто колку и Лестер и Нотингем, а Евертон 29 и овие четири екипи ќе водат жестока борба за опстанок.