понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лидс му го нанесе првиот пораз на Челзи во новата сезона

Лидс му го нанесе првиот пораз на Челзи во новата сезона

Во англиската Премиер лига викендов се играат натпреварите од 3.коло во кое Челзи го запиша првиот сезонски пораз. Попладнево „сините“ од Лондон загубија на гостувањето кај Лидс со 3:0.

Головите ги постигнаа Бренден Аронсон, Родриго Морено Мачадо и Џек Харисон.

Челзи средбата ја заврши со фудбалер помалку поради исклучувањето на Калиду Кулибали.

Избраниците на тренерот Томас Тухел имаат четири од можни 12 кола. Челзи еднаш победи, еднаш ремизираше, а денеска беше совладан од Лидс.

Пред докомплетирање на колото, Арсенал е лидер на табелата со максимални девет бода, Тотенхем, Лидс и Брајтон имаат по седум, Манчестер сити шест и натпревар помалку.