Лидс е во преговори за ангажирање на напаѓачот на Цирих, Вилфрид Гнонто.
Според новинарот Николо Шира, англискиот клуб понуди пет милиони евра за 18-годишниот Италијанец и ги договори условите на личниот договор со играчот.
„Transfermarkt.com“ го процени Гнонто на 10 милиони евра.
Во јуни, Гнонто дебитираше за италијанската репрезентација. Тој на 14 јуни постигна гол во натпреварот од Лигата на нации со Германија (2:5) и стана најмладиот голгетер во историјата на националниот тим. (МИА)