петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лигата на нации почна со триумф на Полска

Лигата на нации почна со триумф на Полска

Во воведниот натпревар од новата сезона во Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Полска во дуел во рамки на групата 4 од А дивизијата го совлада Велс на домашен терен со 2-1 (0-0).

Полска пропушти неколку изгледи шанси за водство во првиот дел, а казната за промашувањата дојде во 52 минута кога Вилијамс му донесе водство на Велс.

Сепак, Полска го сврте резултатот во своја корист со два гола во завршните 18 минути на дуелот во Вроцлав преку Камински (75 минута) и Свидерски (85).

Велс настапи без своите најдобри фудбалери, одморајќи ги за финалето од мундијалскиот бараж в недела против победникот од вечерашното полуфинале меѓу Шкотска и Украина.