недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лионел Меси ги помина лекарските прегледи,официјално промоција во среда

Лионел Меси ги помина лекарските прегледи,официјално промоција во среда

Аргентинскиот виртуоз Лионел Меси и официјално пристигна во француската престолнина, каде успешно ги мина медицинските прегледи.

Во среда„принцевите“ од Парис закажаа прес-конференција во 11:00 часот на која се очекува да се одржи официјалната презентација.

Поранешниот фудбалер на Барселона доби богат договор на две години. Неговата плата ќе се движи од 35-40 милиони евра, во зависност од неговиот учинок на теренот.Деталите од историската соработка ќе бидат комплетирани во хотелот каде што Меси е сместен со своите најблиски.