среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лионел Меси ги постави условите за нов договор со ПСЖ

Лионел Меси ги постави условите за нов договор со ПСЖ

Лионел Меси ја одби првата понуда на ПСЖ за продолжување на соработката, а сега медиумите ги откриваат условите кои Аргентинецот ги поставил за нов договор.

„Меси ја почитува понудата на ПСЖ, но поставува два јасни услови за продолжување на договорот. Меси бара плата од 40 милиони евра по сезона и сака гаранција дека секогаш ќе биде во почетниот состав на ПСЖ, без разлика кој ќе биде тренер на клубот. Аргентинецот сака да остане во форма, бидејќи планира следната година да игра на Копа Америка“, пренесуваат француските медиуми.

Аргентинските медиуми исто така откиваат дека Меси преферира да остане во ПСЖ, но бара гаранции од клубот.