петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лионел Меси со нов “магичен гол” во дебито во МЛС лигата (ВИДЕО)

Лионел Меси со нов “магичен гол” во дебито во МЛС лигата (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси повторно ги воодушевува американските фудбалски фанови. Аргентинецот постигна фантастичен гол при 2:0 победата против Њујорк ред булс.

Тата Мартино го „поштеди“ Меси од старт, но кога влезе во 60. минута од мечот, во фантастична комбинација со Бенџамин Кремаски, постигна гол кој сигурно е еден од најдобрите овој викенд.

Во само половина час игра, Меси имаше 23 допири на топката, за добар почеток на многу тешкиот обид да се стигне до плејофот во МЛС лигата.