Легендарниот италијански тренер, Марчело Липи донесе одлука да стави крај на тренерската кариера. Тој од 2016 година е селектор на Кина, репрезентација која ќе ја води уште на Купот на Азија , по што оди во пензија.
– Доста е. Си одам дома. Најверојатно веќе нема да работам во фудбалот, изјави Липи.
Афирмација како фудбалер Липи доживеа во Сампдорија, а како тренер има многу трофеи, вклучувајќи го и оној од Мундијалот 2006 година со италијанската репрезентација.
Со Јувентус, 70-годишниот тренер има пет трофеи од Серија А и еден од Лигата на шампионите.
Последните шест години работи во Кина каде пред две години му е доверената селекторската функција.