Последниот ден од летниот преоден рок ни донесе големо изненадување.
Како што е веќе познато, денеска завршува летниот преоден рок во најсилните европски лиги, а јасно е дека до вечерва на полноќ не очекува вистински спектакл.
Утрото почна мирно што се однесува до трансферите, но набрзо добивме големо изненадување и трансфер кој никој не го очекуваше.
Имено, италијанските медиуми објавија дека Артур Мело дефинитивно го напушта Јувентус, но никој не очекуваше дека бразилскиот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул.
Јувентус и Ливерпул веќе постигнаа конечен договор околу Артуро, кој до крајот на сезоната ќе игра во англискиот клуб како позајмен играч, а „црвените“ ќе имаат шанса да го откупат неговиот договор следното лето.
Потврда дека Артур е на пат за Англија добивме и пред неколку моменти кога се појави видео од аеродромот во Торино.