Ливерпул славеше со 4-0 против Манчестер јунајтед во рамки на најголемото англиско дерби што вечерва се одигра во рамки на 30.коло во Премиерлигата.
„Црвените“ покажаа дека се класа за себе во однос на лутиот ривал, кој едноставно немаше никакви шанси да извлече ништо освен убедлив пораз. Напаѓачкото трио на Јирген Клоп го реши натпреварот и интересно сите тројца меѓусебно си асистираа за погодоците.
Прво погоди Луис Дијаз на асистенција на Мохамед Салах во 5.минута. Во 22-та веќе беше 2-0 благодарение на голот на Салах по одличната асистенција на Садио Мане. Токму Сенегалецот погоди за 3-0 во 68.минута, а асистираше Дијаз. Точка на натпреварот стави Салах со својот втор гол во 85.минута.