Ливерпул победи против Њукасл во натпревар кој може да има сериозно значење за излез во Европа, но по победата добија и една лоша вест.
Стрелецот на првиот гол, Дарвин Нуњез заработи повреда за време на гостувањето кај Њукасл и сега е неизвесен за настап во Лигата на шампионите.
Уругваецот доживеа незгоден пад по кој се пожали на болка во рамото, а Јирген Клоп потврди дека ситуацијта не е најдобра.
– Дарвин има некој проблем со рамото и затоа го повлеков од игра.Не знам дали ќе може да игра против Реал Мадрид. Засега е сигурна неговата болка од повредата, но прегледите ќе потврдат што се случило, – изјавил менаџерот на Ливерпул.