Фудбалскиот клуб Ливерпул изненади многумина со одлуката да одбие сместување во хотелот во Доха кој им беше предложен од домаќините на Светското клупско првенство.
„Црвените“ требаше да престојуваат во еден хотел во Доха со пет ѕвездички, но од клубот одбија, а причината е пишувањето на британските медиуми дека хотелот е изграден спротивно на човековите права.
Наводно, таа зграда ја изградиле имигранти кои работеле во смени од по 12 часа и тоа на температури и од 45 степени, а заработувале само по 8 фунти на ден.
Ливерпул ќе има напорен декември, освен мечевите од Премиерлигата и куповите, ќе треба и да ја претставува Европа на светското клупско во Катар. Полуфиналето им е закажано за 18 декември.