Трансферот на Френки де Јонг во Манчестер Јунајтед пропадна, но играчот од средниот ред на Барселона ќе биде интересен на маркетот и оваа зима. „Црвените ѓаволи“ се уште се заинтересирани за него, но ќе имаат сериозна конкуренција.
Според „ЕСПН“, за холандскиот интернационалец се заинтересирани и Челси и Ливерпул. Претставници на „црвените“ веќе контактирале со агентите на Де Јонг.
Во Челси имаа информации дека играчот од средниот ред е подготвен да ја преиспита својата одлука и да ја напушти Барса.
Како што е познато, пред почетокот на сезоната, каталонскиот клуб се согласил да го продаде на Манчестер Јунајтед, но самиот играч го одби трансферот. Сепак, ситуацијата сега може да се промени.