четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул со забрана за Салах, во Египет гневни

Ливерпул со забрана за Салах, во Египет гневни

Ливерпул официјално ја информирал фудбалската федерација на Египет дека Мохамед Салах нема да настапи на Олимписките игри во Токио.

Иако Египет бараше а тоа го посакуваше и Салах, настап на ОИ во Токио до тоа нема да дојде откако Ливерпул не даде „зелено светло“ репрезентативецот на Египет да игра на ЛОИ.

На Олимписките игри, секоја репрезентација има право да пријави три повозрасни играчи, Египет сакаше тоа да биде Салах, но тој нема да настапи во Токио.