недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул заинтересиран за играчот на Интер

Ливерпул заинтересиран за играчот на Интер

Ливерпул е заинтересиран во овој преоден рок да го ангажира репрезентативецот на Италија, Никола Барела.
Фудбалерот на Интер е на радарот на Јирген Клоп и неговите соработници кои во тој случај би требало да издвојат 70 милиони евра.

Поранешниот европски шампион бара замена за Холанѓанецот Вајналдум, кој се приклучи на ПСЖ како слободен агент.

Беше споменуван и како опција Саул Нигез, но тој лесно може да заврши во Барселона како дел од размената, бидејќи постојат шанси Антоан Гризман да се врати во мадридскиот клуб.

Во Ливерпул мораа да решат уште еден проблем.

„Црвените“ се откажаа од можноста трајно да го ангажираат Озан Кабак од Шалке, кој мина четири месеци на „Енфилд“ на позајмица.

Клубот од „Енфилд“ имаше можност да го откупи трајно за десет милиони евра, но тие се решија против тоа.