понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Љубов, ти ветив…“ – емотивна објава на сопругата на Синиша Михајловиќ

„Љубов, ти ветив…“ – емотивна објава на сопругата на Синиша Михајловиќ

Синиша Михајловиќ почина на 53-годишна возраст откако ја загуби битката со леукемијата, оставајќи ја зад себе сопругата Аријана со која има пет деца.

Таа втор пат по неговата смрт објави емотивна порака на социјалните мрежи.

„Љубов, ти ветив… Не грижи се, јас ќе се грижам за нив“. Нашето најголемо ремек дело. Никогаш нема да престанеме да те сакаме“, напиша Аријана.


Се присети на деновите поминати заедно на ќерките и синовите, а за смртта на Синиша првпат се огласи вчера.

„Кога веќе не си дел од мене, ќе отсечам многу ѕвезди од моето сеќавање, тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се заљуби во ноќта“, напиша вчера сопругата на Синиша.

Погребот на легендарниот фудбалер ќе се одржи во понеделник во Рим.