петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лопетеги е новиот тренер на Вулверхемптон

Лопетеги е новиот тренер на Вулверхемптон

Шпанскиот тренер, Хулен Лоптеги кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Лопетеги е новиот менаџер на Вулверхемптон.По еден месец без менаџер, Волвс најде замена за Бруно Лаз. Португалецот доби отказ на 2. октомври, а веднаш беше јасно дека прв „пик“ на Вулверхемптон е Хулен Лопетеги.

Шпанскиот стратег прво ја одби понудата, меѓу другото и поради здравствената состојба на неговиот татко. Еден месец подоцна тој се премисли., но сега сепак го потпиша договорот.

„Тој е врвен тренер со големо искуство. Од почетокот тој беше нашиот прв избор и едвај чекаме да му посакаме добредојде“, изјави првиот човек на клубот Џеф Шеа.