сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лорис: Го разбирам стравот на противниците од нашите напаѓачи

Лорис: Го разбирам стравот на противниците од нашите напаѓачи

Францискиот голман Хуго Лорис денеска излезе со изјава во пресрет на големото дерби на ЕУРО 2020 помеѓу неговата Франција и Германија.

„Имам добри и лоши спомени од натпреварите помеѓу Франција и Германија. Ова е класична конфронтација на европско и глобално ниво. Важен натпревар, бидејќи ова е првото коло во групата. Триото Бензема-Гризман-Мбапе? Ова се врвни играчи кои покажаа стабилност низ годините. Како прво, Антоан и Карим, бидејќи Килијан е сè уште многу млад, дури и ако веќе има постигнато многу. Разбирам зошто нашите противници се плашат од ова трио“, изјави Лорис.