Фудбалерот на Ливерпул и хрватски репрезентативец, Дејан Ловрен призна дека многу играчи кои настапија на Светското првенство во Русија се изморени, посебно ова се однесува на они чии селекции стигна до завршницата.
– Многу сме истрошени по Мундијалот. Тоа се виде и на нашиот дуел со Англија. Големите ѕвезди како Хари Кејн, Лука Модриќ, признаваат дека се физички и емоционално исцрпени. Тешко е да се фати ритамот кога се испуштаат поголемиот дел од подготовките во претсезоната. Како и да е, ќе се вратиме на посакуваното ниво. Само треба малку време, изјави Ловрен.
Хрватот по завршувањето на Мундијалот поради повреда пропушти поголем дел од натпреварите. Настапи само на две средби, против Челзи во Лига купот и против Манчестер Сити.