вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ловрен ја напушта Русија и се враќа во Лион

Ловрен ја напушта Русија и се враќа во Лион

Хрватскиот фудбалски репрезентативец ќе ги напушти редовите на Зенит од Санкт Петерсбург и ќе се врати во редовите на францускиот прволигаш Лион, објави весникот Л’Екип.

Според весникот, францускиот стратег Лоран Блан, кој во октомври седна на клупата на Лион, настојува да го засили својот тим со „играч со дух, карактер и агресивност“ и негов избор е токму Ловрен.

Угледниот француски весник наведува дека трансферот наскоро треба да биде финализиран, а 33-годишниотѕ Ловрен, наводно, ќе ги минал и задолжителните медицински прегледи.

Ловрен со рускиот прволигаш Зенит има важечки договор до крајот на сезоната.

Хрватот го носеше дресот на Лион од 2010 до 2013 година, по што настапуваше за Саутемптон и Ливерпул, а во Русија се пресели во 2020 година.