сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Олимпијакос елиминиран од Лудогорец, Динамо ја помина Легија

ЛШ: Олимпијакос елиминиран од Лудогорец, Динамо ја помина Легија

Аријан Адеми остана на клупата, додека Стефан Ристовски одигра цел меч за Динамо Загреб кој со победа на гости кај Легија (0-1) се најде во плеј-офот во Лигата на шампионите.

Бартол Фрањиќ во раната фаза од натпреварот погоди и стана херој на хрватскиот првак.

Лудогорец и Олимпијакос одиграа интересен двомеч, кој на крај му припадна на бугарскиот ривал. Тимот од Пиреја постигна повеќе погодоци на гости (2-2), но тоа не беше доволно за конечна победа. М’Виља донесе почетна гостинска радост, но тоа не ги обесхрабри домашните фудбалери. Тие започнаа одлично во вториот дел и многу брзо стигнаа до пресврт. Меѓутоа, нов удар на бугарската екипа ѝзададе Ел Араби во 68. минута, кога со силен удар не му даде шанса на домашниот голман. Правилот гол во гости е укинато од оваа сезона, па мечот замина во продолженија. Олимпијакос го доврши мечот со човек помалку. Црвен картон заработи Осејну Ба во завршницата.

Откако немаше голови и по дополнителните 30 минути, пенал рулетот го одлучи победникот. Лудогорец ги погоди сите четири пенали, а Валбуена и Кока промашија за „црвено-белите“.

Монако уште еднаш беше убедлив во дуелот со Спарта Прага (3-1). По гостинското славје, избраниците на Нико Ковач го потврдија пласманот во следната фаза со три гола во мрежата на противникот.

Домашниот терен го искористи Јанг Бојс кој беше поуспешен од Клуж во второто соочување (3-1), а пласман во плеј-офот обезбедија Бенфика и Малме..