Пред завршните натпревари од групната фаза во лигата на шампионите (ЛШ) познати се 14 од 16 екипи, кои се пласираа во осминафиналето.
Пласман меѓу 16. најдобри екипи обезбедија ПСЖ, Бенфика, Баерн Минхен, Челзи, Манчестер сити, Наполи, Порто, Тотенхем, Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт Франкфурт, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
За преостанатите две места во осминафиналето конкурираат четири екипи – Милан и Салцбург во групата Е и Лајпциг и Шахтјор во групата Ф.
Засега се познати и пет екипи кои се селат во Лига Европа – Ајакс, Баер Леверкузен, Барселона, Спортинг и Севиља.
За Глазгов Ренџерс, Атлетико Мадрид, Викторија Плзен, Олимпик Марсеј, Селтик и Копенхаген европската приказна за оваа сезона заврши.