среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Луда опција: За да дојде Халанд во Челси, Абрахам мора во Арсенал?

Луда опција: За да дојде Халанд во Челси, Абрахам мора во Арсенал?

Напаѓачот на Челси би можел да биде жртвуван поради тоа што „сините“ го посакуваат Ерлинг Халанд.

Информациите се дека Таби Абрахам би можел да биде продаден во Арсенал, со цел да се ослободи место, но секако и пари за трансферот на норвешкото чудо од дете.

Како што се шпекулира, Дортмунд не сака да го продава Халанд, но доколку им пристигне луда понуда од 175 милиони евра, тогаш управата на „милионерите“ ќе размисли за таква опција.

Арсенал исто така размислува за Таби Абрахам кој би можел да заигра за нив, доколку Челси и Тухел го добијат Халанд.