Италијанскиот фудбалски стратег Лучијано Спалети му донесе историски успех на Наполи откако ја донесе титулата во Серија А за оваа екипа по пауза од 33 години да за потоа неочекувано реши да ја напушти тренерската функција.
Медиумите објавија дека Спалети имал некој недоразбирања со претседателот Аурелио Де Лаурентис, недоразбирања кои не можеше да бидат надмината по што дојде до разделба.
Италијанскиот стратег порача дека ќе земе одмор и една години ќе биде надвор од фудбалот и нема да прифати никаква понуда, ама останува да видиме дали ќе си остане на зборот затоа што на неговата врата тропаат многу пари и тоа од Саудиска Арабија.
„Тутомеркато“ пренесува дека неименуван клуб (најверојатно е Ал-Хилал) е подготвен да му даде на Лучијано плата од скоро 20 милиони евра за да ја прифати понудата.