вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Фиго се огласи по аудио снимките во кои Перез зборува за него

Луис Фиго се огласи по аудио снимките во кои Перез зборува за него

Шпански „El Confidencial“ објави серија на тајно снимение разговори во кој првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги озборува ѕвездиите на овој клуб.

На една од аудио-снимките тој зборува за Луис Фиго. Откако во 2006 година го продаде во Интер.

„Фиго е тој што го растури тимот. Најдобар беше Зидан, Фиго е к**вин син, исто како и Раул. Двајцата беа најлоши за тимот“, вели Перез.

Фиго се огласи на дуелот меѓу Реал и Барселона во Тел Авив.

„Мислам дека во приватните разговори може да се вметнат изрази надвор од контекст. Имав шанса да разговарам со Перез, тој ми објасни се. Тоа е завршена работа“.