вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Суарез се сели во Интер Мајами во јануари и ќе игра со Меси

Луис Суарез се сели во Интер Мајами во јануари и ќе игра со Меси

Уругвајскиот фудбалер, Луис Суарез, кој моментално настапува за бразилски Гремио, наскоро се сели во САД.

36-годишниот напаѓач ќе остане во Бразил до крајот на годината, кога очигледно ќе ја смени средината и ќе се пресели во тимот на Интер Мајами во американската МЛС лига.

Медиумите пишуваат дека Суарез ќе добие едногодишен договор со клубот од МЛС. Ќе има опција за уште една сезона, во зависност од настапите.