Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез по истекот на договорот го напушти Атлетико Мадрид и во моментов ги разгледува пристигнатите понуди, а наскоро се очекува да добие и од клубот кој го прослави во Европа.
Откако самиот играч потврди дека нема намера да се враќа во Јужна Америка и да игра за Ривер Плата, вечерва поголем број медиуми објавија дека Суарез би можел да се врати во Ајак за кого играше од 2007 до 2011 година.
Челниците на холандскиот тим сакаат да го ангажираат уругвајскиот репрезентативец како замена за Себастијан Алер кој се пресели во Борусија Дортмунд. Иругваецот за Ајакс одигра 159 натпревари и постигна 111 гола а имаше и 68 асистенции.