Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз, ќе го продолжи договорот со клубот, објавија британски медиуми.
Според „talkSPORT“ 33-годишниот Бразилец ќе потпише нов договор за период од една година.
Претходно во медиумите имаше информации дека играчот ова лето може да ги напушти „топџиите“ како слободен агент.
Во сезоната 2019/20, Луиз одигра 33 натпревари за Арсенал, има два гола и една асистенција. (МИА)