Фудбалскиот клуб го има најлошиот влез во една сезона во претходните 123 години, бидејќи се наоѓа на 15. место во првенството на оваа земјка.
Од клубот отказ доби спортскот директор Свен Мислинтат, се зборува и за заминување на тренерот, меѓутоа постојат и други проблеми. Помош на клубот ќе му биде Луј ван Гал. Прославениот стручњак се враќа во редовите на Ајакс, ама овојпат во поинаква улога.
Ван Гал ќе биде советник за фудбалски прашања. Тој нема да биде вклучен во дневните активности на Ајакс, ниту пак ќе биде замена за Мислинтат, ама со своето искуство ќе се обиде да помогне за клубот да се врати на победничките патеки.