Според хрватските медиуми Лука Модриќ ќе продолжи да настапува за репрезентацијата на Хрватска и по фајнал-фор турнирот во Лигата на нации.Се очекува да биде во составот за квалификациите за Европското првенство против Велс на 25 март и Турција три дена подоцна.
Селекторот на „коцкестите“, Златко Далиќ му понуди на Модриќ првиот меч да го одигра во Пољуд, а потоа веднаш да се врати во Мадрид за да не мора да патува во Бурса на дуелот со Турција.
Фудбалерот го одби тој предлог, односно инсистира да игра и против Турција. Ова е одговорот кој сигурно му донесе насмевка на лицето на Далиќ.
Модриќ запиша вкупно 162 настапи за националниот тим и постигна 23 гола. Според најавите нема намера да застане кога е во прашање репрезентацијата.