Белгискиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку, се покажа како многу добар трансфер за „нероазурите“.
Дваесет и шест-годишниот Ромелу, привлечен од Манчестер Јунајтед во текот на летото за 65 милиони евра, го одбележува својот 10-ти гол сезонава во успехот од 3-0 над Торино како гостин во 13. коло од Серија „А“ и е најпродуктивниот нов играч на Интер во последниве 70 години.
Повеќе голови од него во првите 13 кола постигна познатиот унгарски фудбалер Иштван Ниерш во сезоната 1948/1949.
На крајот, Унгарецот стана стрелец на сезоната со 26 голови и вкупно за Интер одигра 182 натпревари во кои постигна 133 погодоци.
Интер продолжува да го брка Јувентус на врвот на табелата, откако во моментов е само на еден бод заостанување.