По првиот недвижен имот вреден 5 милиони долари, кој го купи пред нешто повеќе од две години, славниот фудбалер одлучи уште еднаш да се почести – овој пат станува збор за скап стан вреден неверојатни 7,3 милиони долари, кој се шири малку повеќе од петстотини квадратни метри, со скоро двесте квадратни метри тераса со панорамски поглед на океанот.
Апартманот содржи четири спални соби и четири бањи, а луксузната кула во која се наоѓа имотот има 6 базени, бања, директен пристап до плажа, фитнес центар, јога студио, детско игралиште, ресторан и вински бар.