вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Магична ноќ на Олд Трафорд: Манчестер Јунајтед го „торпедираше“ Саутемптон (ВИДЕО)

Магична ноќ на Олд Трафорд: Манчестер Јунајтед го „торпедираше“ Саутемптон (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед на домашен терен со резултат 9:0 ја совлада екипата на Саутемптон.

Гостите уште од самиот старт на натпреварот, односно од втората минута играа со играч помалку. Гостите заработија и втор црвен картон во 86-та минута од второто полувреме.

Во првиот дел од натпреварот головите за домаќоните ги постигнаа Ван Бисака 18’, Рашфорд 25’, Бендарек 34’ (авто-гол) и Кавани во 39-та минута. Серијата на голови, домаќините ја продолжија во 69-тата минута од натпреварот со голот на Марсијал, потоа следеа головите на Мектоминеј во 71’, Фернадеш од пенал во 87’, Марсијал во 90’ и Џејмс во 93-тата минута за конечни 9:0.

Јунајтед моментално со 44 бода се наоѓа на второто место на табелата во англиската Премиер лига, а моментално лидер е Манчестер Сити со исто толку бодови, но и со два помалку натпревари.