сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мајката на Рабио во жестока расправија со семејствата на Погба и Мбапе

Мајката на Рабио во жестока расправија со семејствата на Погба и Мбапе

По елиминацијата на Франција од Швајцарија на пенали во осминафиналето на Европското првенство, медиумите јавија за раздор во соблекувалната на „триколорите“.

Наводно имало голема расправија по натпреварот, но исто така имало драма и на трибините по натпреварот. Мајката на Адриен Рабиот, Вероник, која воедно е и агент на фудбалерот, почнала расправија со семејството на Пол Погба. Таа го обвинила фудбалерот на Манчестер јунајтед за третиот погодок на Швајцарците со кои израмнија на 3-3.

Потоа му се нафрлила на таткото на Килијан Мбапе, бидејќи фудбалерот на ПСЖ шутирал млако во пенал-рулетот па затоа Јан Зомер успеал да одбрани. Таа дури и го „советувала“ таткото на Мбапе да го казни својот син, бидејќи Килијан бил премногу препотентен.

Очигледно е дека во таборот на француската репрезентација не владее добра атмосфера, а така беше и пред Европското првенство, кога по еден пријателски натпревар, Оливие Жиру го обвини Мбапе и соиграчите дека не му подаваат.