Фудбалскиот тренер Синиша Михајловиќ во 2019 година соопшти дека има леукемија, а по едногодишните третмани и трансплантацијата на коскена срж, во април 2020 година објави дека ја боледил болеста.
Пред неколку дена Синиша објави дека болеста му се вратила и го чека нова битка.
Информер разговарале со неговата мајка која живее во Нови Сад. Таа открива дека Синиша веќе два дена е во болница, а со него се неговата сопруга Аријана.
-Синиша и неговата сопруга тргнаа од Рим за Болоња. Мојот син е во истата болница каде и првиот пат се бореше со болеста. Истите доктори го лекуваат. Ќе почне со терапија, а резултатите покажаа дека метастази се појавиле само на едно место. Друго ништо не знаеме засега. Знам дека мојот син е борец, но јас мислев дека болеста веќе ја победи и ми е тешко поради тоа, вели Викторија.