Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука сите дуели кои се играат на зелените терени ширум земјава овој викенд да почнат со едноминутен молк.
Комисијата за натпревари на ФФМ одлучи натпреварите од 19.коло во ПМФЛ и 16.коло од ВМФЛ да започнат со едноминутно молчење во знак на трагично загинатите во земјотресот кој минатиот понеделник ги погоди Турција и Сирија.
Второлигашките возбудувања се на програмата во сабота, додека прволигашите се закажани во недела.