Селекторот Благоја Милевски пред мечот вечерва во Малта се соочи со уште еден проблем.
По голманот Столе Димитриевски поради повреда отпадна Аријен Адеми. Ова ќе значи дека одличниот играч за врска ќе пропушти уште еден меч во низа.
-Аријан Адеми поради повреда на листот на ногата нема да биде во комбинација за настап вечерва против Малта.
Нашиот репрезентативец почувствува болка веднаш после загревањето на синоќешниот тренинг.
Се работи за истата повреда поради која Адеми беше спречен да даде придонес и за мечот против Италија, порачаа утрово од ФФМ.