петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија ЃП денеска ја пречекува ЦСКА Софија

Македонија ЃП денеска ја пречекува ЦСКА Софија

Натпреварот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига меѓу екипите на Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија ќе се одигра денеска на теренот „Петар Милошевски“ при ФФМ со почеток во 17:30 часот.

Имаше многу информации за тоа дека натпреварот може да биде преместен надвор од македонската престолнина, медиумите од источниот сосед бараа да се игра во Ниш, потоа се појавија вести дека Струмица може да биде градот каде лавовите би се соочиле со ЦСКА за да на крајот биде потврдена првичната верзија, дека сепак натпреварот ќе се одигра во Скопје.

Билетите се продаваа по цена од 300 денари, а за навивачите на бугарската екипа обезбедени беа 60 влезници.