Македонските репрезентативци со мало задоцнување поради временските неприлики во Букурешт го одржаа последниот тренинг пред историскиот настап на Европското првенство против Австрија.
Македонија утре од 18 часот игра против Австрија на Националната арена во главниот град на Романија, потоа на истиот стадион играме против Украина, а на крајот групната фаза ја затвораме во Амстердам против Холандија.