понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија и дефинитивно го изгуби големиот талент, тој одбива да игра за својата земја

Македонија и дефинитивно го изгуби големиот талент, тој одбива да игра за својата земја

Ако до синоќа имаше каква-таква надеж дека ќе заигра за Македонија, истата умре. Дејан Кулушевски и дефинитивно го изгубивме откако го го имаше првиот сениорски настап за селекцијата на Шведска.

Ова беше и за очекување откако Кулушевски веќе претходно одби да игра за Македонија на неколку наврати и ја одбра Шведска.

Како што вели самиот Дејан, синоќа му се исполни сонот откако дебитираше за А селекцијата на Шведска кога влезе во игра во последните 25 минути од дуелот против Фарските Острови кој го добија со 3-0.

Како што е познато, Кулушевски во минатото имаше настапи за младинските репрезентации на Македонија, но за жал не дочекавме и во сениорската селекција.

„Ова е остварување на сонот. Голем момент за мене. Пресреќен сум за дебито и горд сум на себе и на семејството после ова“, беа првите зборови на Кулушевски по деби мечот.

Извор: СпортКлуб