вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија историскиот меч против Италија за пласман на СП ќе го игра во Палермо

Македонија историскиот меч против Италија за пласман на СП ќе го игра во Палермо

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе гостува кај Италија во баражот за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар и веќе е познат и градот домаќин на овој меч.

Дуелот меѓу двете европски селекции ќе се игра во Палермо. Првично овој меч беше планиран да се игра во Торино, но последните скандали поврзани со Јувентус ја променија одлуката.

Потврдено е и од ФИГЦ за веста. Аѕурите очекуваат поддршка во клучниот дуел со Македонија во последната недела од март 2022 година.

Победникот од ова полуфинале ќе се соочи со Турција или Португалија и подобриот ќе игра на СП 2022.